За Компанијата

ТД “ИСТ КОМЕРЦ” ДОО е основано во 1991 година како друштво за производство на женски хулахоп чорапи.
Од основањето до денес, фирмата изгради препознатлив имиџ и прерасна во познат Македонски бенд – САНДА.

Основна дејност на нашата фирма е производство и продажба на женски хулахопки, чорапи и доколенки, а од 2001 година производството се прошири и на женска долна облека и костими за капење.
Фирмата моментално располага со 70 машини, вработува 60 вработени, со успешен менаџерски тим, кој има за цел – зголемување на произвоидствените капацитети и проширување на пазарот.

Нашето производство и деловни простории се наоѓаат во Скопје, во централното градско подрачје, на булевар Кочо Рацин бб сек.9
ИСТ КОМЕРЦ поседува и продажна мрежа низ Македонија, примарно преку своите дуќани (Скопје, Струмица, Штип и Битола) и секундарно преку нашите многубројни коминтенти од целата држава, артиклите под логото САНДА се широко распространети и препознатливи.
 
Во текот на долгогодишното успешно работње научивме да ги споделиме потребите и желбите на нажите потрошувачи, да изградиме взаемна доверба и разбирање. Секогаш сме расположени за нови соработки, како и за зачувување на старите.
Работиме исклучиво со висококвалитетни увозни материјали од Италија со што нашите производи се издвојуваат на пазарот, како кај нас, така и во соседните земји. ИСТ КОМЕРЦ има континуиран извоз кон соседните земји. Материјалите со кои располагаме за изработка на хулахоп чорапи се: Polyamid, Licra и Micro Fiber, а за долна облека и костуми за капење, еластични памучни и полоамидни материјали, а користиме и најразлични видови чипки.

 

 
 
 
 

DEVELOPED BY GLOBAL NET